Власта успеа да обезбеди едвај 70 пратеници што ниту навидум не е дека ќе успее во целта, велат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ откако на денешното утврдување на дневниот ред со единствена точка – Предлог за менување на македонскиот устав, гласаа само 70 пратеници, што значи дека власта нема да го обезбеди потребното мнозинство за овие измени.
Мојата должност кон мојот македонски народ и Република Македонија е исполнета – гласав #ПРОТИВ точката на дневен ред за отворање на Уставот кое има за цел ново предавство. Власта успеа да обезбеди едвај 70 пратеници што ниту навидум не е дека ќе успее во целта. Ќе се бориме и ќе успееме, до крај за Македонија!, порача Јован Јаулески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
На лагата од власта кратки ѝ се нозете, порача пратеникот Мирче Аџиоски.
Една година ја малтретираат Македонија и македонскиот народ и лажеа дека имале 80 пратеници само за да можат да продолжат да крадат, но дојде денот кога лагите им испливаа на површина дека со 70 гласови Устав не се менува.
Време е за предвремени избори и овие неуспешни политичари да заминат на темната страна од историјата затоа што таму им е местото, вели тој.
И Бране Петрушевски порача дена уставни измени нема да има!
СИТЕ 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаа ПРОТИВ дневниот ред со одлуката за уставни измени.
Паднаа маските, отидоа во вода лагите на власта и нивните мегафони. Многу се далеку од 80 пратеници, вели тој.
НЕ!
Промена на Устав нема да има!
ВМРО ДПМНЕ на браникот на македонските национални интереси и идентитет!
Денес јас и сите пратеници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата гласавме ПРОТИВ овај предлог за промена на Устав и секогаш ќе гласам во интерес на Македонија и македонскиот народ.
Да живее Република Македонија!, вели пратеникот Петар Ристески.
Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека потонаа лагите на мнозинството.
Над една година ја малтретираа јавноста со лажни вести, лаги и манипулации.
Пукна “балонот” на лагите.
Две работи се јасни:
1. ДУИ, СДСМ и другите од мнозинството имаат само 70 пратеници за промена на Уставот.
Далеку од потребните две третини или 80 пратеници.
2. ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” гласаа ПРОТИВ.
Сите 44 пратеници.
Тоа го велиме една година и до крај ќе останеме на тој став.
НЕМА ПРОМЕНА НА УСТАВ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ.
Јасни се работите.
Време е за предвремени парламентарни избори, вели тој.
Далеку се од бројката 80, вели Зоранчо Јованчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема да има промена на Уставот!
Сите пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата гласавме против!
Ајде на избори!, повика тој.
Македонија нема потреба од промена на Устав, има потреба од промена на власт!, смета пратеникот Љупчо Пренџов.
Денес е денот кога ќе се слушне громогласното НЕ!
Ден кога залетаната власт ќе удри во ѕид!
Ден кога на површина ќе им испливаат сите лаги и манипулации!
Ден во кој ќе стане јасно дека македонската историја, култура, традиција и јазик не се и нема да бидат предмет на дискусија, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.