Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја испрати својата помала ќерка на првиот училишен ден како прваче.

Првиот училиштен ден е посебен за секое семејство, па така денеска нашата мала принцеза Илина го прави својот прв чекор во светот на образованието.
Со многу радост и емоции ја испративме на ова нејзино патување. Секој момент од ова значајно животно поглавје да ѝ биде исполнет со радости, нови пријателства и нови знаења, напиша Тошковски на социјалните мрежи.

Министерот сподели и две фотографии од првиот училишен ден на ќерката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.