Kако во многу други општини претпоставувам, така и во Брвеница никој не е изненаден за долговите и начинот на кој се работело, па така Општина Брвеница заклучно со 15.11.2021 година, должи 87.000.000 денари 1.400.000,00 евра, вели градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ.
Илиевски истакна дека во изминатите 100 дена исчистени се голем број на диви депонии во општината, а е започната градежна работа за партерно уредување на центарот на Брвеница со детско игралиште, амфитеатар, фонтана, патеки и зелен појас со садници.
Исчистени депониите во Горни Челопек, Долни Челопек, Милетино, Теново, и во село во Брвеница. Започнавме со градежните работи за партерно уредување на центарот на Брвеница со детско игралиште, амфитеатар, фонтана, патеки и зелен појас со садници.
Се донесе Одлуката за еднократна помош на семејства со новороденче кои се со живеалиште на подрачјето на општина Брвеница. Се донесе Одлуката за еднократна помош за набавка на училишен прибор на семејства со прваче во основните училишта на подрачјето на општината. Започнуваме со изградба на инклузивни детски игралишта во с. Брвеница и с. Челопек, вели Илиевски.
Започнати се работи за подготовка за садење на нова трева, дренажа и наводнување на фудбалскиот стадион. Завршени се молеро фарбарските работи во спортската сала, поправка и реконструкција на водоводот, поправка на сите врати и санација на електричната инсталација а во тек е набавка на нови столчиња и чистење на спортската сала.
Реконструкција на обиколница со асфалт во с.Челопек, изградба на улица 1 со асфалт со краци 1, 2, 3 и 4 во с. Радиовце, поречко маало. Во финална фаза е реконструкција на пат со асфалт на улица Дубрава во с. Брвеница, во финална фаза Реконструкција на пат со асфалт во с. Нов Челопек марски дол, рече Илиевски.
Илиевски посочи дека во 2022 година планира општината да набави школски автобус, изградба на помали улици и проширување на канализационата мрежа.
Поголеми проекти на општина Брвеница кои се планираат за 2022 година се бушотини за вода (бунари) во с. Милетино и с. Брвеница, набавка на школски автобус, изградба на помали улици со бекатон плочки и проширување на канализационата мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.