Јордан Илиевски, директор на ЈКПД Лозово во статус на фејсбук објавува дека на сметка на ЈПКД Лозово во октомви минатата година е точено гориво во вкупен износ од 158,375.00 денари.
Тој пишува дека поранешниот в.д.директор наточил на 31.10.2021 година во 00.07 после полноќ 182 литри гориво.
Кога зборуваме за чест и одговорност треба да се спомене дека на сметка на ЈПКД Лозово за месец октомври е точено гориво во вкупен износ од 158,375.00 денари. ⛔
Дали сметате дека станува збор за премногу потрошено гориво за само еден месец ? Во прилог само мал дел од испратниците од кои на една се гледа дека поранешниот в.д.директор наточил на 31.10.2021 година во 00.07 после полноќ 182 литри гориво.⛔
Дополнително прашање кој е Зоран Атанасов што на 06.10.2021 наточил бензин на сметка на Јавното Претпријатие и се потпишал ? Дали се работи за поранешниот директор на Агенција за храна и ветеринарство и советник на Зоран Заев ?⛔. Поради вака нерационално работење претпријатието е доведено во милионски долгови и секојдневно да биде под закани од блокирање на сметка, нередовно земање на плата на вработените и неможност од редовно извршување и сервисирање на обврските кон граѓаните, пишува Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.