ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум за преговарачката рамка, следуваат консултации за формулацијата, информираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека референдумот е начин да се чуе гласот на народот и од власта која е предавничка и од претставниците на ЕУ.
Македонскиот народ сака да влезе во ЕУ, но под услови какви што важеле за сите претходно. Протоколот кој е дел од преговарачката рамка ја негира македонската посебност, македонскиот јазик и историја. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на државата. Народот нема да дозволи бугаризација. Во периодот кој претстои ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне широки консултации за референдумот кој треба да следи, како и за формулацијата на истиот, се наведува во соопштението на партијата.
По завршување на консултациите ќе се спроведе истиот. Народот ќе може да каже гласно НЕ за бугаризација, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.