Демократскиот сојуз на сите Роми во Македонија им го честита Светскиот ден на Ромите со искрени желби и определба, Ромите како трудољубив и мирен народ да бидат интегрирани во општеството и да ги имаат сите можности и услови за напредок како и другите народи насекаде во светот.

Во Македонија многу е направено за подобрување на животот и статусот на Ромите, но далеку сме од тоа да можеме да речеме дека дел од Ромите не се дискриминирани и дека сите имаат еднакви шанси да се образоваат, вработувaат и да создаваат нови вредности.

Не треба да биде само овој ден кога се зборува за правата на Ромите, треба секојдневно да создаваме еднакви шанси за нив, но и за сите граѓани, велат од Демократскиот сојуз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.