оранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, кажа дека сите политичари треба да имаат една цел – правата на Бугарите во Македонија, напоменувајќи дека граѓаните на Македонија во Бугарија имаат подеднакви права со Бугарите.
„Да покажеме на граѓаните кои се тука и кои ни веруваат, дека основната задача на сите политичари ќе биде правата на Бугарите и дека Македонија ќе стане дел од ЕУ. Се радувам што сум тука на откривање на овој центар. Фактот што сме тука е добар знак, пред нас има многу работа“, рече Захариева.
Таа нагласи дека Бугарите во Македонија немале права и дека имало многу жалби за дискриминација.
Властите создаваат тешкотии. Последен пример е автомобилите со бугарски таблици. Граѓаните на Македонија кои живеат во Бугарија, ги имаат сите права како и Бугарите“, дополни Захариева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.