Пред Владата и денеска започна протест против францускиот предлог, каде се собраа граѓани со транспаренти на кои, меѓудругото, е испишано и мотото на овој протест „Ултиматум – Не благодарам“. Народот излезе на улица против власта и бугаризацијата.
Ова е петти ден, како граѓани и дел од опозоциските партии го искажат своето незадоволство од францускиот предлог, за кој сметаат дека е штетен за државата и оти не ги штити државните интереси.
Пред почетокот на протестот, изјава за медимите даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги повтори ставовите и барањата на партијата во однос предложените документи од ЕУ и апелираше за масовност на протестите, осудувајќи го насилничкото однесување на поеднинци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.