Комисијата за заразни болести предлага да се укине носењето заштитни маски во средните училишта.
Портпаролот на КЗБ д-р Злате Мехмедовиќ истакна дека епидемиолошката состојба има тренд на опаѓање, а се намалуваат и болничките хоспитализации.
Тој додаде и дека се овозможуваат екскурзии за учениците во средните и основните училишта.
Епидемиолошката сосојба има надолна линија, се намалуваат и бројот на хоспитализирани, се празнат болничките капацитети, имаме намалување на бројот на заразени со ковид, има мала стагнација на репродукцискиот број. Тоа не значи дека капацитетот на здравствениот систем не е релаксиран во моментов. Во насока на тоа, Комисијата за заразни болести одлучи да даде препорака за укинување на маските во средните училишта. Се донесе уште една одлука, да се овозможи органзирани екскурзии за учениците од основните и средните училишта, изјави д-р Мехмедовиќ.
Тој рече дека за укинување на останатите мерки кои се уште на сила ќе се почека уште една недела.
Сметаме дека трендот е позитивен. Се намалува трансмисија на вирусот и како резултат на тоа наредната недела ќе разгледуваме дел од мерките и кои од нив може да бидат укинати, рече Мехмедовиќ.
Од денеска во основните училишта учениците немаат обврска да носат маски против ковид-19. Таа обврска уште важи за наставниците и за администрацијата што работи во училиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.