На последната седница на Советот на Општина Битола, 22-ра по ред и последна за оваа календарска година, која заврши попладнево, е изгласан буџетот за 2023 година, кој “тежи“ над 2 милијарди денари или околу 32 милиони евра, 910 милиони денари основен буџет, а до конечната бројка се и дотациите од државната каса, јавува „Битола њуз“.

За усвојување на буџетот за наредната година гласаа 16 советници од ВМРО-ДПМНЕ и „Поинаку“. Воздржани беа советниците од СДСМ и Левица.

На почетокот на седницата за буџетот зборуваше градоначаникот на Битола, Тони Коњановски, по што следуваше расправа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.