Амбасадорот на Чешка во Македонија Јарослав Лудва, ја посети Општина Битола и се сретна со градоначалникот Тони Коњановски.

За време на првата посета на Битола, чешкиот амбасадор беше информиран за имплементацијата на повеќе решенија поврзани со урбаната мобилност и примената на современи решенија за развој на паметни градови.

На средбата Коњановски – Лудва, посебен акцент во разговорот беше ставен на добрите примери и стратегии кои се применуваат во Чешка, предностите од користењето на електрични автобуси, како и позитивните искуства од функционирањето на принципот на јавно – приватно партнерство, соопштија од Општина Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.