Случајот „Крмзов“ се расплеткува во повеќе етапи и БЈБ на МВР, во координација со повеќе други институции, открива сомнежи за криминал повеќе од очекуваното, информираат за „Плусинфо“ добро упатени извори.

Во текот на вчерашниот ден е влезено во други два магацина на струмичката империја на бизнисменот Крмзов, кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев.

Едно од главните дела кои им се става на товар на лицата под истрага е фиктивниот поврат на ДДВ и оштетувањето на државната каса. Извадени се два камиона доказен материјал. Само во еден случај тие прикажале 880 милиони денари за поврат на ДДВ.

Според изворите на порталот, можно е акцијата да се прошири и кон поранешни носители на државни институции, како поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска и директорката на Централниот регистар. „Република“, пак, дознава дека и во СДСМ постојат членови кои проговориле за криминалот.

Истрагата открила дека биле регистрирани фирми на косовски државјани со измислени имиња, кои не постојат во базата на податоци, за да се забошоти криминалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.