Се погласни се повиците за предвремени избори. Покрај најголемата опозициска партија, ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводат, предвремени избори се почесто бараат и од албанскиот политички блок. На зеднички прес-конфернеции, интервјуа и изјави, лидерите на малцинските партии не заборават да повторат оти е потребно Собранието да се распуши што поскоро и да се организираат предвремени парламентарни избори.

Откако тоа заедно го соопштија претседателите на Алијанса, Алтернатива и Демократско Движење пред македонското собрание, еден ден пред да почне седницата за уставни измени, лидерот на Алтернатива Африм Гаши го повтори ставот во интервју за Алсат, каде вели дека власта го има истрошено својот политички капацитет при несупешниот обид за измени на уставот, поради што повеќе нема смисла зошто да се на власт.

Ако не поминат уставните измени во оваа фаза, ако не се гласа за потребата за уставни измени, тогаш ќе биде евидентно дека нема двотретинско мнозинство за да се продолжи со процесот. Тогаш нема никаква смисла оваа Влада, ова владино мнозинство и овој состав на Парламентот, не за Владата, туку составот на Парламентот, ние треба да сфатиме дека овој состав на Парламентот не сака да се направат уставните измени. Тоа што треба да го направиме ние е итно да одиме на избори, да имаме нов состав, изјави во интервју за ТВ Алсат, претседателот на партијата Алтернатива, Африм Гаши.

Тој предлага тоа да се случи уште оваа есен и да се даде можност на нов владин состав, во кој нема да учествува ДУИ, да го надмине ќорокакот во кој се најде Македонија по последната собраниска седница.

Идејата е на есен да има избори и на крајот на есента да имаме нов состав на Парламентот и да продолжат со процесот таму кај што е застанат, да гласаме за потребата за уставни измени за веднаш потоа да се отворат поглавјата и да продолжи процесот за што поскора интеграција на земјата во ЕУ, додаде Гаши.

На иста линија е и претседателот на Беса, Биљал Касами, кој вели дека го исполниле условот на ДУИ за предвремени избори, од каде бараа окрупнување на албнскиот опозициски блок.

Се надеваме и работиме да бидат вонредни парламентарни и сите полтички актери кои реагираа и реагираат во тој дел, увидувајќи дека опозицијата албанска се окрупнува, тоа што посотјано беше повик на самиот Али Ахмети, кој викаше дајте окрупнете, па да излеземе на избори. Ние сме тука, се окрупнуваме и бујрум на избори, рече Касами.

За да се оддржат избори оваа есен, како што бараат опозициските партии, собранието ќе мора да се распушти во најскоро време, имајќи ги предвид роковите за 100 дена техничка влада, како и времето предвидено за пред-изборната кампања. Воедно, на парламентарните избори кои следат, без разлика дали ќе се редовни или предвремени, многу е веројатно, дека, иако технички, Македонија за прв пат ќе добие премиер Албанец, имајќи го во предвид коалициниот договор помеѓу Заев и Ахмети, за кој премиерот Ковачевски во неколку наврати повтори оти планира да го испочитува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.