Сакам да Ве информирам дека Ефто Пупиноски НЕМА ДА НАСТАПУВА на прославата по повод независноста на Република Македонија која ќе се одржи на ден 08.09.23 г. на Пеленица, општина Кисела Вода.
Исто така, нагласувам дека Ефто нема да биде нечија замена, а од што е толку оргинален самиот по себе е незаменлив -објавата на фејсбук страницата на Ефто Пупиновски доаѓа откако беше најавено дека тој ќе настапи на настанот „Традиционален пикник во Пеленица” по повод 8. Септември, Денот на независноста на Македонија, организиран од Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода.

Ефто Пупиновски беше најавен како замена за музичарот Јордан Митев кој претходно го откажа својот настап. Наместо ликот на Митев на плакатот се наjде Ефто Пупиновски, кој пак демантираше дека ќе настапува.

Својот настап го откажаа и Татјана и Новица Василевски и Андријана Кеш, а на новиот плакат ги нема ниту музичарите од Мерак Меана.

Сите кои јавно обкавија дека го откажуваат настапот посочија дека кога го договориле настапот воопшто не биле информирани дека се работи за партиски настан. Тие посочија не сакаат да бидат дел од партиски настани и не сакаат да бидат поврзани со ниту една политичка партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.