Делегација на Демократскиот сојуз утре ќе присуствува на отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, Бугарија, соопштија од партијата.
Демократскиот сојуз смета дека отворањето на овој прв македонски културен клуб во Бугарија, ќе биде добра основа за негување на културните особености на Македонците, како и подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија. Универзално демократско право претставува здружувањето, формирањето граѓански здруженија, културни центри, политички партии и други форми на меѓусебно поврзување, афирмирање на културните различности и меѓусебно почитување и разбирање. Демократскиот сојуз очекува топол прием од граѓаните на Благоеврад, велат оттаму.
Во Благоевград ќе присуствува делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Од владејачката СДСМ нема да има ниеден претседавник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.