Кандидатура за претседател на СДСМ денеска поднел и Александар Бајдевски, објави партијата на Фејсбук.
Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за Претседател на партијата на внатрепартиските непосредни избори поднесе и Александар Бајдевски, се посочува во објавата на СДСМ.
Рокот за поднесување кандидатури за претседател на СДСМ завршува денеска. Кандидатури за претседател поднесоа Венко Филипче, Славјанка Петровска и Јован Деспотовски.
Во недела СДСМ ќе одржи отчетен конгрес, а изборот за претседател ќе биде на 30 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.