Амбасадорката на Хрватска во Македонија Нивес Тигањ ја коментираше смртта на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот.

Семејството секако е во шок. Си заминаа од Скопје, во овој момент е тешко да се каже какви мерки ќе преземат, дали ќе бараат отштета или како ќе постапат. Им ја пруживме сета човечка поддршка и конзуларна помош, а понатаму ќе видиме што ќе биде кога ќе дојдат резултатите од истрагата, изјави за РТЛ амбасадорката Тигањ.

Поради контрадикторните информации кои првично ги пласира болницата и полицијата дека на телото на починатиот Денис немало траги на насилство, а по обдукцијата која даде различни резултати, министерот за здравство покрена истрага. Државното правобранителство го оквалификува кривичното дело како убиство, рекла Тигањ во изјавата во однос на ситуацијата околу убиството на ракометарот.

Хрватскиот ракометар Денис Тот почина минатата недела откако три лица го нападнаа пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во Скопје. По кратката вербална расправија, тројцата го нападнаа Тот и му задале повеќе тупаници по главата, удирајќи го и со нозе.

Тот паднал од ударите и со задниот дел од главата удрил во асфалтот при што изгубил свест. Осомничените продолжиле да го удираат по главата, а потоа без да му помогнат, си заминале. Келнерка вработена во ноќниот клуб повикало брза помош, по што несреќниот Тот бил донесен на КАРИЛ ​​каде починал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.