Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање уште колку од граѓаните ги немаат променето личните документи, потенцираше дека е останат помал број и оти хаосот е решен пред еден месец.

Останат е уште помал број. Конкретно не можам да кажам колку. Не е точна информацијата која што беше пренесен во јавноста дека еден милион возачки дозволи ќе треба да се реиздадеме. Мислам дека бројката е негде околу 200 000 кој што треба да се ре-издадат во останатиот период од прилика. Мислам дека имаме капацитет да го направиме тоа. Повторно тука имаме дезинформации ширење на лаги од страна на луѓе кои што не си ја сакаат држава во насока да уплашат или да, дефокусираат или не знам што да направат. МВР ќе работи во интерес на граѓаните, изјави Тошковски.

Тој беше во посета на новата канцеларија на управните служби која почна да работи во полицискиото одделение во Јегуновце и општински центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.