Во Македонија не постојат Европејци и анти-Европејци, сите сме се изјасниле дека сакаме да одиме кон ЕУ. Има граѓани кои и не се партиски определени, но не сакаат во ЕУ да влезат недостоинствено, без почитување на Копенхашките критериуми, вели поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска во СТУДИО 10 на ТВ 24.
Уставни промени може да предложат експерти, но формално тоа го прави собраниската Уставна комисија на чие чело секогаш е претседателот на Собранието. Сега нема мандат за промена на Уставот. Во промената на Уставот не ги вклучуваме сите народни избраници без оглед за колку пратеници станува збор. СДСМ отсекогаш елитистички пристапува кон проблемите и така ги решава, а ова како сега комуницира Владата е буквално арогантно. Во чие име ги носат промените? Промени се носат во име на граѓаните без оглед на политичката определба, вели Марковска.
Таа вели дека никој нема против Бугарите да влезат во Уставот, но безобразно и дрско е тоа да го наметнува Бугарија и да се нуди да учествува во уставните измени на нашиот устав. Марковска додава дека овој проблем не се решава за шест месеци.
Уставот е највисок правен акт во државата и ова немаше да се случува во првиот состав на парламентот, едноставно претседателот на Собранието немаше да дозволи еден таков битен процес да се одвива без опозицијата, вели Марковска и додава дека овој состав на Собранието очигледно не е на висина на задачата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.