Со жалење ја примив веста за прераното и ненадејно заминување на мојот поранешен колега Марјан Додовски со кого во владата предводена од Љупчо Георгиевски работевме заедно мноштво проекти а најзапамтен остана проектот за спас на дојранското езеро каде Марјан ја имаше главната улога. Подоцна беше и мој соработник како директор на Еврокомпозити-Прилеп и беше неуморен борец, интелектуалец, пријатен соговорник и патриот,напиша поранешниот премиер Никола Груевски.

Сочуство до семејството и најблиските.
Бог да го прости.
Нека почива во мир.

Деновиве имаше уште една тажна вест за тоа дека починал и Никола Вељановски, познат како Коле Бикчето, еден од најмаркантните активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, голем патриот и неуморен во сите партиски активности од основањето на партијата и секогаш подготвен да биде на браникот на татковината.
Никола беше харизматичен и несекојдневен човек чие присуство некаде неможеше а да не биде забележано.
Сочуство до семејството и најблиските.
Бог да го прости.
Нека почива во мир.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.