Поранешниот премиер Никола груевски, испрати честитка по повод 33 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

На сите членови на ВМРО-ДПМНЕ им го честитам 33. роденден на партијата во 130. година од формирањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација под нејзиното прво име Македонска Револуционерна Организација.

 

Посакувам по следните избори водена од основните постулати и идеологија на Организацијата, партијата да ја поведе Македонија кон напредок на уште поуспешен начин од она што во минатото го правеше.

 

Народот на избори не дава доверба на влада туку на партија, на нејзината идеологија, програма, лидер и минат труд.

 

Како човек кој даде скромен придонес од зачленувањето во партијата во 1996 година, приклучувањето во ИК во 2000 година, станувањето најпрвин подпретседател а по неколку месеци и претседател во 2003, водењето на партија цели 14 и половина години со 10 победи на избори, знам дека доколку се водат исправни политики базирани на основните морални начела, доколку имаш вистинска љубов кон земјата народот и огромна желба за нејзин напредок, доколку има голем број исправно донесени одлуки и постојаност и конзистентност во политиките и одлуките како и исполнување на ветувањата, грижа за секого и за сѐ, и доколку има искрен однос кон народот и добар тим и програма, може да се направи крупен напредок во сите области и земјата да се издигне на многу повисоко ниво, од она мизерно ниво на кое спадна Македонија по шест години постојаност во неработење, безидејност, терор, грабеж, предавства, полтронство и лажење на актуелната власт предводена од СДСМ.

 

Нека е вечно ВМРО-ДПМНЕ!

 

Нека е вечна Македонија!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.