По обвинувањата упатени до првиот вицепремиер и членови на неговото семејство од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со објава на Фејсбук попладнево реагираше Артан Груби кој вели дека како јавна личност очекувал и ќе се соочи со кампањата на клевети, но не верувал дека од опозициската партија можеле да паднат толку ниско и да напаѓаат членови на неговото семејство.
Во објавата првиот вицепремиер вели дека нападите се без никаква основа и причина и дека членовите на неговото семејство на кои се однесуваат наводите на ВМРО-ДПМНЕ работата во приватниот сектор многу порано пред тој да почне да се занимава со политика.
– Денешните обвинувања и клевети на ВМРО ДПМНЕ и довчерашните на албанските експоненти и нивните познати пријатели во случаите Алфа, Монструм и Дива Населба, освен што се лаги без никакви факти и претставуваат најниско можно ниво на политика, се добро координирани и продолжение на нивната заедничка кампања за оштетување на ДУИ, претседателот, мене и високите експоненти на ДУИ, како и на реформскиот и интегративен пат преку Алијансата за Европа наспроти изолирачките сили предводени од ВМРО и помогнати од некои Албанци, за жал, кои целосно се ставија во служба на овие напори против проевропските сили – вели Груби во реакцијата објавена на Фесјбук.
Овие обвинувања и други, потенцира првиот вицепремиер, што се шират, како што вели, преку овие експоненти, меѓу кои се и обвинувањата за кредитот и хипотеката на неговиот брат за деловниот објект од 20-годишен бизнис се присутни во јавноста повеќе од една година.
– И никој од пропагандистите, Албанци или Македонци, не ги доставува своите докази до институциите, туку клеветите ги користат за политичка кампања, рушење на угледот и дефокусирање – додава Груби.
Тој ја повикува и како што вели, ја охрабрува изолирачката и клеветничка коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и оние Албанци кои се ставени во нивна служба секој доказ за секој потенцијален криминал да го пријават до надлежните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.