Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците во емисијата 24 Анализа изјави дека често се разговара за платите за министрите и пратениците кои не се пораснати одамна.

– Многу се помали од платите на директорите на претпријатија и јавниот сектор. Мојата плата е 70 000 денари. И во животот не сум работел за помала плата кога сум работел во приватниот сектор и ова ми е најмала плата откако сум во политиката. Минималната плата ја покачивме на 18 000 денари, ги покачивме и пензиите. Покажуваме грижа за граѓаните. Оваа влада докажа дека е способна да се справи и да менаџира со кризата. Министер во Македонија зема најмала плата во целиот регион. Зошто треба намалување на платите на функционерите? Ова е површен начин за забава на јавноста. Ако има потреба, ќе ги скратиме платите – рече Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.