Првиот вицепремиер Артан Груби во вестите на Канал 5 го објасни инцидентот со запаленото Ауди, кое тој го користел.

Груби вели дека има тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот, како од опозицијата , одредени медиуми кои тенденциозно известуваат. Исто се случуваше и со моите деца кои одат во јавни училишта, кои се на подложени на секојдневен притисок.

Истрагата ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото. Се надевам дека според она како работат институциите, презедоа огромна операција , имаат добра координација тактика што набргу ќе се реши.

На прашањето дали станува збор за пресметка со поранешни сопартијци или криминална пресметка, тој вели дека има индиции дека станува збор за политички чин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.