Откако во јавноста излезе информацијата дека поранешниот министер од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши заработил кривична пријава, со реакција се огласија од неговата партија ДУИ.
Според, Артан Груби и Арбер Адеми, оваа акција на полицијата е „политички прогон“.
„Заканите и политичкиот прогон од страна на владините партии и државните моноетнички институции се продолжение на стратегијата и напорите да се уништи моќната и легитимна албанска политичка репрезентација и да се замени со сервилни марионети кои ја поткопуваат државната моноетничност во замена за дозвола за развој на маалски политички игри. Истовремено, служи за покривање на 300-те скандали во првите 30 дена кои не вратија 30 години наназад со масовната неспособност и незнаење да ја водиме државата“, пишува Груби.
„Срамот, скандалите и вазалството, кршењето на волјата на албанскиот гласач пропратено со секојдневни и осудливи неуспеси, не можете да ги покриете со политички прогон за наводно постоење на какво било прекршување на Изборниот законик, каде загубата за вас е голема, многу голема. Знајте дека ќе не имате пред себе, со храброст и истрајност во нашата благородна мисија да го заштитиме достоинството на албанскиот гласач“, напиша Адеми на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.