Владата, преку својот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби дефинитивно грубо не „работи“ со изградбата на Коридорите 8 и 10д. Без никаков срам и перде, крајно безобразно и безобѕирно, за наши пари, значи со пари на сите граѓани даночни обврзници, денеска јавно се извини на новинарите и јавноста, ако како Влада не успеале во целост, доволно јасно да ги претстават одредбите од потпишаниот Договор со конзорциумот „Бехтел и Енка“, анализира „Пресинг ТВ“.
-Имајќи ги предвид интересите на граѓаните за брза, ефикасна и евтина изградба на автопатиштата, Владата на денешната седница усвои пет предлог-закони кои ќе ги достави до пратениците. Одлучивме законите да се предложат со европско знаменце. Ги замолуваме пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата со над 150 милиони евра пари на граѓаните и да не ги загрозуваат националните и стратешки проекти, само заради дневна политичка агенда. Од пратениците зависи дали ќе се гради побрзо и поевтино или поспоро или поскапо. Ние во Владата сме за опцијата поевтино и побрзо, рече Груби на прес-конференција со останатите министри во Владата, свикана токму околу Коридорите 8 и 10Д.
На Владата и на Артан Груби им требаа цел месец за да се приземјат и да се соочат со фактот дека отворено го лажат народот. Зашто, тоа што не се брани, не се брани и готово.
И во манир на „стар политички лисец“, ама само во обид, зашто се уште е далеку од тоа, Груби одеднаш ја сврти плочата и сега, соочувајќи се со временски цајтнот, што самиот свесно или несвесно, намерно или ненамерно го создаде, почнува се од почеток. Ама, што е пострашно, вината за тоа не ја гледа во Владата и кај себе, туку кај опозицијата, која цело време укажува на отворениот грабеж на даночните обврзници!
Како тоа денеска одеднаш и текна на Владата да поднесе нови предлог-законски измени за изградбата на коридорите?! И тоа само на ден пред датумот 6 мај, кога треба да се исплатат пенали во висина од 300 милиони евра!
Зарем ова не можеа да го сторат многу порано и наместо предлагачи на законските измени да бидат пратеници, односно чисти партиски послушници, кои немале никаков увид во потпишаниот договор?
Со ова паѓаат во вода сите досегашни изговори на Владата околу обелоденувањето на договорот. Сега е клучно прашањето дали сите министри имаат безбедносни сертификати, какви што се бараа од пратениците за да можат да ја видат неговата содржина?
Натаму, ова значи дека Владата ниту планирала, ниту, пак, го испратила договорот до Антикорупциската комисија, ниту до Јавното обвинителство, како што не лажеше со денови!
И сега првиот вицепремиер се извинува! Не Артане, не треба извинување, треба неотповиклива оставка! Така се прави во демократски цивилизирани држави во кои на прво место стои одговорноста. Зашто, не станува збор за сто килограми домати или краставици, туку за милиони и милиони евра народни пари.
Сега префрлањето на одговорноста врз пратениците, особено на тие од опозицијата, не поминува. Ваквиот договор не го потпишале тие, туку вие како Влада. И никој не е против изградбата на коридорите, туку е против свесниот грабеж на граѓаните !
Само за потсетување, ова не е прво јавно извинување на Владата за неуспешно јавно претставување на еден договор.Истото го направија и со т.н Француски односно бугарски предлог.
Извор „Пресинг ТВ“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.