Браво Премиере! Со Вашето успешно лидерство и најискрени заложби, направивте многу за само 100 дена од Вашето владеење. Сите надежи се насочени кон Вас! Гласноговорници од другата страна безочно критикуваат,наместо да се засрамат за сиот пустош што го сторија, од кој последиците тешко може да се конвалидираат. Народната изрека вели:” Кучињата лаат, караванот си врви”. Само напред! – гласи еден од коментарите на фејсбук оставен под владиниот отчет од сработеното во првите 100 дена.
Голем дел од граѓаните се задоволни од тоа како Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски ја започна својата работа. Очекувањата за наредниот период се големи, но и поддршката од народот е голема. Веруваат во подобро утре.
Корисниците на социјалните мрежи пишуваат:
Довербата во Вас е голема…..а деструктивните ги имало и ќе ги има, и тоа се посилни и посилни, зошто се се попразни и пошупливи, и од петни жили се трудат да доминираат.
Загреота.
Секоја Чест Почитуван Премиер Х.Мицкоски докажавте како се работи Влада Предводена од Вмро Дпмне која реализира повеќе во овие 100 дена колку што Сдс реализира во овие 7 години да сте здрави и живи да Живее Република Македонија
Секоја чест и респект за решените проблеми .
Народот затоа ги испрати во минатото, токму поради расипничкиот неморален одност кон своуте сограѓани кои беа секој ден седум години под притисок и насилства.
Редно беше веке некој да покаже дека има достоинство Македонија и дека има Маледонци со крената глава а ме овие со старата поговорка (наведната глава сабја не ја сечи) само останете на курсот патот ке се отвори за правите достоинствени Македонци 👍👍👍!!!
Браво Премиере. Прес за сите да разбереме. Ми велат дека треба да почекам и ќе видам дека: парите сите ги расипуваат. Јас им велам: Дај Боже да не ме разочарате. Премногу ви верувам. И Вас, и на сите министри. Лесна и успешна работа на сите. Да си ја кренеме од пепелта мајчичкава што ни изнедрува најмногу препаметни чеда.
Посебно се задоволни пензионерите кои месецов го добија предизборното ветување – покачување на пензиите за 2 500 денари во октомври, а се надеваат дека ќе се реализира и вториот дел од ветувањето – уште нови 2500 денари покачување во март наредната година.
ВМРО е вистинска партија тоа што ко ветува и го остварува еве пензиите линеарно се покачија пензионерите за прв пат се задоволни и среќни браво премиере.
Браво за 100 дена многу направивте. Дупка до дупка во секое министерство. Дадовте плати на сите кои претходната власт ги измамија. Пензионерите добија покачување. Наредната година ќе добијат зголемување наставниот кадар и здравството. Секоја чест премиере!
Сепак и покрај позитивите реакции, очекувањата на граѓаните за санкции за грабежот во минатото не се остварија. Тие бараат затвор за оние кои ја урадоа и опустошија Македонија.
Се е во ред ,само сега чекаме да поведете одговорност од тие што сега се прават на удрени а 7 години не лажеа и не доведоа во оваа состојба -Бандити.
Господине Мицковски зошто дозволувате затвореници на слобода да ве критикуваат местото им е во затвор нели гледате дека рејтингот ви го намалуваат криминалците и сам знаеш кои се
Како не бевте позиција во времето на Братучедите немаше да дојде на власт челичниот опинок и да опустоши се со Алија и четириесет разбојници да не стави во пат позиција со мисла како да направат нереди за да го зачуваат покраденото. Подфолио – многу им се дозволува наместо да се мислат на бегање тие се спремаат за враќање во позиција наместо позади решетки тие како безгрешни се спремаат да ве судат вас. За нас смртниците што едвај преживуваме некако не ни е јасна политика на НЕКАЗНИВОСТ после зулумот невиден сторен овие 7 години. ЗАНДАНА ЗА СЕКОЈ ШТО СЕ ОГРЕШИЛ ЗА ТОА ВЕ ГЛАСАВМЕ
Ако не го затвориш црпнатиот Муртинец ништо не си направил.
Кажи кога ќе го затвориш Зоран Заев што ја уништи Македонија и и нанесе зло на секое поле. Тоа ја унушти државата, тоа фо очекува народот од вас
На оваа тема во својата колумна коментира и аналитичарот и колумнист Александар Ристевски.
Каде е лутината на незадоволните? Претпоставувам кај брзината и интензитетот на справувањето со предизвиците. Народот бара крв, бара одговорност и отчетност од минатите, сменетите, бара строги казни, конфискација, одговорност. Интересно е што толку меѓународната заедница не дозволува да се стави рез во судството и обвинителството, чиј рејтинг е на ниво на статистичка грешка. Едноставно, никој не им верува, па ни авторот на овој текст. Жално, затоа што, убеден сум, дека туморот инсталиран во системот, не е поголем од 10-20 отсто. Сигурен сум дека огромен дел од вработените во фелата се чесни, објективни и вредни лица. За жал, веќе никој не им верува. Очигледно ќе мора самите да ја водат битката внатре, во нивната фела. Народот ги презира, од дното на душата. Правда сакаме.
Мицкоски со став – од апсењата нема да се прави естрадно шоу.
Не треба да правиме естрада..Не е ништо посебно ако државата го споредува редот и законите бидејќи ние немаме втора опција.Не сме во договор со криминалците како што тоа го правеа некои минати влади, сакаме да расчистиме со нив без разлика дали се на улиците, во политиката. Мораме да имаме владеење на правната држава ако сакаме да одиме напред.Ако сакаме да не биде како држава, мора се расчисти.Не должиме никому како генерација политичари, немаме концесија кон никого и ова е тоа што мораме да го направиме-изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.