Во интерес на граѓаните и државата претседателот Христијан Мицкоски во овој клучен момент подава рака за подготовка на стратегија за развој до 2050 година. Ова е идеја за обединување, идеја која води кон стратегија во чија изработка ќе учествуваат сите општествени чинители, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-На СДС му се дава шанса конечно да почне да работи во интерес на граѓаните и државата. Воедно СДС како да заборава дека граѓаните јасно рекоа НЕ на политиките кои ги водеше владата предводена од нив. Граѓаните ставија крај на аздисаноста на СДС и на поединци од партијата чија единствена водилка е личниот интерес. Оттука на СДС како партија даваме можност да се издигне и да одговори на ситуацијата која како никогаш до сега не барала единствено и заеднички ставови, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат:
„Сите без исклучок сме за ЕУ, но ајде сите заедно со заеднички политики кои нема да се на штета на граѓаните и државата да станеме дел од Унијата. На потег е СДС, доста е од дневна политика, време е да тргнеме напред како држава“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.