Цели три месеци по изборот, министерот за правда, Кренар Лога, нема депонирано потпис во Граѓанскиот суд. Со ова, граѓанските судови во државата не можат да ставаат апостил на документи, што им се неопходни на граѓаните за испраќање во странство, дознава „Пресинг ТВ“.

Лога беше избран за министер на 28 февруари годинава, по одлуката на Алијанса на Албанците да стане составен дел од владината коалиција.

Во граѓанските судови апостилот за става за докажување на автентичноста на оригиналните документи издадени од надлежните институции.

Најчесто станува збор за докажување на оригиналните уверенија за завршени различни степени на студии, дипломи, положен правосуден испит, изводи од матични книги на родени… На годишно ниво, бројот на овие неопходни документи, пред се, за во странство е огромен и прашање е дали воопшто за нив се води некаква евиденција.

Којзнае колкав е бројот на граѓани, на кои во изминатите три месеци им бил потребен документ со апостил од грашанските судови! Но, немарноста на министерот најмалку е важна од финансиски аспект. Во прашање е неодговорност, што значи запирање на илјадници македонски државјани, кои во државите на нивниот актуелен престој не можат да завршат обврски, што им го отежнуваат животот, но и амбициите главно на младите, кои не можат да продолжат со својот образовен процес, а сето тоа ги чини губење драгоцено време, здравје и парични средства.

Извор „Пресинг ТВ“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.