Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска се сретна со градоначалникот на општина Приштина, Перпарим Рама.

На средбата се разговараше за искуствата во образованието, културата на општинско ниво, размена на ученици, развојот на регионалниот туризам како и за препознавање и промоција на културните, економските и агрокултурните вредности.

“Тоа беше плодна средба која го отвора патот за соработка меѓу нашите општини во размена на ученици, меѓусебно охрабрување на нашите граѓани за економски и културни посети и учество на различни фестивали и саеми кои се организираат во двете општини, со цел развој на регионалниот туризам и препознавање и промоција на културните, економските и агрокултурните вредности”, рече градоначалникот Арбен Таравари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.