Претседателката Силјановска-Давкова на заклетвата наместо уставното име „Република Cеверна Македонија“ туку употребуваше „Македонија“.
Во говорот спомена дека ниту таа верувала дека ќе стане шеф на државата, како што во нејзина победа верувал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Таа во својот говор укажа на големото значење на жените во политиката и дека за сите ќе се грижи за сите еднакво.
-Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика, рече новата претседателка Силјановска Давкова.
-Време е за единство и за тоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас, посочи Силјановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема.
-Ќе го почитувам овој парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги помнам само добрите, ќе бидам претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив по етничка, верска, полова ни по која било друга основа. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови кои не се само најубав подарок за мојот роденден, туку и најголема обврска и одговорност, истакна Сиљановска-Давкова на инаугурацијата на 151 седница на Собранието, која ја водеше досегашниот нејзин претседател Јован Митрески.
Својот говор таа им го посвети на жените кои, рече, се оние заради кои се нафатила да се кандидира за оваа должност и затоа што сака да ги инспирира дека е можно во земјава и жена да стане претседател на државата.
Нагласи дека довербата е многу важна и таа ќе ја оправда затоа што ја добила оваа можност и затоа што, рече, добила шанса да биде опкружена со многу жени.
Првиот и основен критериум „за дружење“ со неа ќе биде стручност и компетентност, а владеење на правото е тоа што оваа држава, рече, ќе ја направи европска, а не „владеење на малкумина, не владеење на мажите“.
Порача дека е време е за единство „кое може да значи и женска филозофија и женска автентичност“ и дека државата ја имаме благодарение не само на комитите и партизаните, туку и на комитките како Сирма Војвотка и на партизанките како Вера Циривири-Трена, Вера Јоциќ и Ибе Палкуќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.