„Килијан Мбапе во Реал Мадрид, Тргнуваме! Сите документи се потпишани, испечатени и комплетирани. Реал ја освои Лигата на шампионите, по што следната недела ќе објави дека Мбапе е нивни играч. Мбапе уште во февруари одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Од сега тој може да се смета за играч на Реал“.
Вака познатиот новинар, Фабрицио Романо ја најави реализацијата на историскиот трансфер. Кога најсигурниот извор од пазарот на фудбалери ќе напише „тргнуваме“ во вестите, знаете што значи тоа. Дека зделката за која пишува е завршена и дефинитивна.
Мбапе (25) дојде во ПСЖ во 2018 година за 180 милиони евра од Монако. Иако играше со Меси и Нејмар и постигна 256 и асистираше за уште 108 гола за ПСЖ на 308 натпревари, тој не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Тоа не му успеа ниту годинава, ПСЖ беше елиминиран во полуфиналето од Борусија Дортмунд. Веќе некое време е незадоволен и сака да си замине. Претседателот на клубот го задржа пред две години со еден од најголемите договори во историјата на фудбалот.
Месечно заработува околу 6 милиони евра бруто (2,7 милиони нето), а бонусите се 180 милиони евра само за потпишување на договорот и дополнителни 70 милиони на крајот од секоја година од договорот, кој требаше да трае до три години. Но, му била понудена опцијата по две сезони да замине бесплатно и тој решил да ја искористи таа опција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.