Голем пожар попладнево избувна во фабриката „Жито Битола“ која се наоѓа во индустрискиот дел на Битола.

Како што пренесува репортерот на ТВ21,местото е опколено од полиција, а на теренот пристигнаа и 10 пожарникарски возила. Се прават напори да се локализира пожарот кој избувна попладнево.

На местото на настанот пристигна и градоначалникот Тони Коњановски.


Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека се уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.

Првичните информации oд екипата на Телма, пак, се дека пожарот е многу силен, а веќе е зафатена и кровната конструкција.

Фабриката е во приватна сопственост и работи како млин и произведува бели печива.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.