Ние неколку пати им имаме кажано, не еднаш, многу пати имаме кажано дека време е за избори, дека немаат легитимитет, дека народот не ги сака, дека се делегитимирани, дека немаат ниту еден добар асален проект кој што ќе биде добар за луѓето и да речат сите браво. Не. Сѐ е ова купи ден помини, тендер со тендер, некоја коалиција, комбинација и слично, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на неговото гостување во вестите на ТВ Алсат говорејќи околу политичката состојба во државата.
Ѓорчев исто така додаде дека оваа власт одамна го изгубила својот легитимитет во очите на народот и вештачки се одржува во живот и купува време.„Генерално и во политиката и во животот и во економијата и секаде има една точка која на англиски се вели “point of no return”, точка од која што нема враќање. Кај народот и кај луѓето оваа власт е во точка од која што нема враќање“, потенцираше Ѓорчев и додаде:
Е сега дали тие ќе купат да ги одложат за две недели, месец дена, два месеца не е битно. Изборите мора да се случат, тоа е уставна категорија, законот вели мора избори. Е сега дали ќе бидат месец дена плус или минус, во ред ќе помине, но ќе бидат поразени“.
За тоа дали е можно зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 Ѓорчев истакна дека се надева но и дека со ваква влада и со вакви скандали кои се случуваат во државата тоа е тешко дека ќе се случи.
За жал оваа ваква Македонија каква што е со катастрофална економија, со најголема инфлација во Европа, со најлоша економија во Европа, со најголемо иселување во светот, со најголем број на починати луѓе од КОВИД во светот, со пукања, убиства, корупциски скандали, за жал оваа држава и особено оваа влада ваква каква што е апсолутно не е во состојба да стане членка на ЕУ“, потенцираше Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.