Според информации на Телма, за нов директор на Финансиската полиција на денешната седница е назначен Горан Иванов.
Иванов е вработен во финансиската полиција како инспектор и е назначен за вршител на должност.
На Арафат Муареми му е истечен мандатот во февруари, но потоа уште 6 месеци ја извршуваше функцијата како в.д., а се повлече по судирот со Вилма Русковска и по претресот којшто го изврши обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во Управата за финансиска полиција и во кабинетот на директорот Муареми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.