Големи компании се снабдуваат со поевтина електрична енергија, која според законот не им следува, преку отворање на мали фирми „ќерки“ со до 20 вработени и со закупување на нивното броило, објави Телма.

Имајќи предвид дека преку таа шема одредени големи фирми користат и до десетпати поефтина струја, МЕПСО, но и УЈП треба да ги детектираат злоупотребите и да пресметаат колку пари од ДДВ се одлеале од државниот буџет.

Телевизијата нагласува дека од Владата не одговараат кои се фирмите кои на овој начин се снабдувале со струја од февруари до денес.

Синџир на маркети, казина, аптеки, фабрики, осигурителни компании, се само дел од големите фирми кои го изиграле законот и направиле огромни финансиски заштеди од февруари навака, наведува Телма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.