Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека промените се случуваат.
Граѓаните ги креираат буџетите на општините според своите потреби и приоритети и со тоа директно учествуваат во создавање на подобар локален економски развој.
ВМРО-ДПМНЕ има отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните преку исполнување на ветените проекти.
Промените се видливи, граѓаните забележуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги отвора своите врати за сите граѓани кои сакаат да понудат реални и издржливи проекти.
Ова е прв пат граѓаните да бидат вклучени во креирање на своите општински буџети и самите да одлучат за кои и какви проекти ќе се трошат нивните пари.
Секој предлог и идеја ќе биде разгледа, затоа ги охрабруваме граѓаните да ги посетат општинските згради и денес од 11 до 14 часот.
Воедно, оние граѓани кои нема да можат да присуствуваат и да ги дадат своите предлози, тоа може да го направат и следниот викенд на 10 и 11 декември, или пак на веб страната budzet.mk
Стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ е парите на граѓаните да се трошат за инвестирање во нови проекти, повеќе паркови и зеленило, училишта, патна инфраструктура, канализациони и водоводни мрежи, подобрување на квалитетот на живот и создавање на убави и средени општини кои ќе бидат рамо до рамо со европскоте општини.
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека преку посветеност, визија и работа може да се врати надежта кај граѓаните.
Предложи твоја идеја за промена и биди дел од промените кои носат иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.