Годинава нема да се одржи дваесеттото, јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, кој првично беше предвиден за периодот 13-16 јули.
Во официјалното соопштение од страната од фестивалот, стои дека 20-то издание на „Пиво Фест“ се одлага за следната година, со нова локација и нов концепт.
Прилепчани и пошироката јавност. Сакаме да Ве информираме дека овогодинешното јубилејно издание на„ПИВО ФЕСТ“ Прилеп 2023 се одлага за следната 2024 год, со нова локација, концепт и содржина на програмата. Образложение; На состанокот одржан од Стопанската комора на Прилеп, Општина Прилеп и бизнис фелата донесена е одлука, „ПИВО ФЕСТ“ Прилеп 2023, дека нема да се подржи и одржи. Додека, пак советот на Општина Прилеп на седницата од 22.06. 2023 донесе одлука за доделување на локација за реализација на „ПИВО ФЕСТ“ 2023 Прилеп. (Прашањето е за што се носи одлука за доделување на локација кога предходно Стопанската комора и бизнис секторот донеле одлука со намера да не се подржи и одржи фестивалот??)“, соопштија организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.