„Немојте вината да ја префрлате на сите судии. Целото зло е правено од Зоран Заев и уште 20-30 судии и јавни обвинители“.

Ова на Фејсбук го објави Ване Цветанов, до неодамна човек од доверба на поранешниот премиер.

Во својата најнова објава, Цветанов го преобјавува и познатиот разговор снимен меѓу Заев и најверојатно Александар Верушевски.

Цветанов кој претходно управуваше со Советот за унапредување и надзор на ревизијата, по што беше разрешен, неодамна доби и кривична пријава за злоупотреба на службената функција.

Во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 во октомври 2018 година Цветанов го спореди премиерот Зоран Заев со македонскиот револуционер Гоце Делчев!

Според мене, за визијата што ја има Зоран Заев, без разлика дали некои го етикетираат како предавник или не, тој е новиот и модерен Гоце Делчев во оваа држава, затоа што тој ги гледа работите сто години нанапред, рече Цветанов.

На неговиот профил сè уште стојат фотографии во кои го воспева неговиот „Пријател, Другар, ЛИДЕР и ЧОВЕЧИШТЕ Зоран Заев“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.