Советот за Јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска едногласно го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека Хајрулахи е позитивно оценет со 23 поени.

Членот на Советот на ЈО Арбер Исаку, посочи дека Хајрулахи кој во изминатите четири години ја вршел оваа функција и покажал резултати, и со неговиот избор само уште повеќе ќе се подобрат состојбите на подрачјето на Вишото јавно обвинителство.

За шеф на Вишо јавно обвинителство Гостивар, Советот на ЈО го избра Фарик Арслани.

Во трка беа тројца кандидати Деса Пауновска (четири гласа за, еден против и тројца воздржаи), Душица Димитриевска (два гласа за, четири против и двајца воздржан) и Фарик Арслани (седум гласа за и еден воздржан). На дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители, беше и одлука за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК, но беше одложена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.