Вицепремиерот Артан Груби денеска во живо на „Фејсбук“ го пренесуваше своето гласање на двојните избори во Македонија, и јавно покажа дека ги бојкотира претседателските избори.
Во видеото јасно се гледа дека на членовите на комисијата им кажува дека ќе гласа само на парламентарите избори, а потоа влегува зад параванот и откако завршува со гласањето става ливче само во кутијата за паралментари избори.
Видео ТУКА
Со ова тој јавно им покажува на следачите што да прават, во случајот она што од неговата партија никој јавно не сакаше да го признае – дека ќе направат сè за да нема цензус во вториот круг од претседателските избори.
Не гласав за претседателските бидејќи не сакам да легитимирам претседател или претседателка која е против УЧК, против Охридскиот договор, против добрососедството со Косово, со Бугарија, со Грција, против интеграција во ЕУ и уставните измени, против пријателството со САД. Не сакам идниот претседател или претседателка да го има и легитимитетот на гласовите на демократскиот свет тука во Cеверна Македонија, овозможувајќи избор на еден таков претседател. Затоа го искористив моето демократско право да гласам за парламентарните но не и за претседателските избори, рече Груби по гласањето.
Само неодамна, одговарајќи на прашањето дали ќе го бојкотираат вториот круг на изборите, лидерот на партијата на Груби рече дека „бојкотот не е потребната алатка во демократијата и воопшто не се дискутира прашањето за бојкот“.
Со ова само уште еднаш покажаа дека се далеку од вредностите кои ги промовираат.
Но, и дека и од двата кандидати, од кои едниот важеше за „проевропски“, барем во нивните усти, не е доволно добар за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.