Текот на гласањето се одвива во најдобар ред, во една демократска и фер атмосфера, отворени се сите 77 избирачки места а излезноста до 14.00 часот е 28,6%, рече денеска претседателката на Централната изборна комисија, Викторија Аврамовска Мадиќ информирајќи за текот на гласањето на вонредените внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

-Во името на Централната изборна комисија дозволете да информирам за досегашниот тек на гласањето за избор на претседател на СДСМ на вонредените внатрепартиски избори. Денеска, текот на гласањето се одвива во најдобар ред, во една демократска и фер атмосфера. Во 08.00 часот утринава отворени се сите 77 избирачки места. Гласањето ќе трае до 20.00 часот. Во моментов, пресекот којшто го направи Централната изборна комисија е до 14.00 часот, од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, излезени се 6.760 членови или 28.61%. По завршување на гласањето ќе информираме и за резултатите и за вкупната излезност, рече Мадиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.