Во вечерашното гостување на телевизија 21, началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски рече дека дефинитивно има потреба од враќање на воениот рок во Македонија.
–Категорично ќе кажам да, има потреба. Знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка. Има потреба од причина што 3 или 4 месеци служење на задолжителен воен рок, пример, за машката популација, доколку се воведе, не мора да стартува веднаш. Може првите година, две да бидат преодни, па да се започне од 2025 година на пример.
Зошто да не и женскиот пол, доброволно, да може да служи три месеци воен рок, рече Ѓурчиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.