Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, порачува дека одлуката за собирање на 150.000 потписи за распишување на референдум кој ќе значи КРАЈ на наметнатата бугаризација од страна на соседите во соработка со домашните властодршци, истовремено значи и последен спас за Македонија.
Понатаму, раскинувањето на овој непринципиелен договор ќе значи раскинување на барањата за промената на учебниците, спорење на јазикот, историјата и културата итн. Затоа, ова е од исклучителна важност за Македонија, потребно е да бидеме мудри и овојпат да застанеме сите заедно.
Како личност пред сѐ, кој секогаш се противел на насила наметнатите одлуки од надвор и секогаш бил рамо до рамо со својот народ да каже НЕ, чувствувам обврска да ги повикам сите мои истомисленици, мои браќа и сестри, сите оние на кои Македонија им пред и над сѐ, да застанеме зад оваа иницијатива и да ја спречиме асимилацијата на Македонија и Македонците.
Ова, почитувани, не е спас за ВМРО-ДПМНЕ, не е ниту спас за нечии кариери туку единствено е за Македонија.
Повикувам на масовност бидејќи навистина е доста ова што ни го прават.
Ние имаме гордост, ние имаме чест и знам дека ќе успееме бидејќи сме горди Македонци!
Да живее Македонија! – вели Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.