Историчарот и универзитетски професор, д-р Ванчо Ѓорѓиев, се надоврза на зборови кои се објавени во македонското списание „Свето дело“ кои излегувало во Ќустендил 1903 година во неговиот број за месец мај и јуни по повод смртта на великанот.

„Зарек и как Ѓорѓи Делчев е страшниот Гоце умрел. Вдахновителот на македонскиот народ, претичета на македонската слобода, умрел. Неверувајте во тоа, о робје, не верувајте и вие ученици на великиот учител, на бесмртниот рамногорец, не верувајте. Ѓорѓи Делчев  е жив, пожив од нас живите и сега да тој, едвај сега ќе заживее во народната песна, во народната свест, во народната историја и неговиот лик ќе биде отпечатен во срцето на секој Македонец“, цитираше Ѓорѓиев дел од писание после смртта на Гоце Делчев, додавајќи дека ова го прочита овој дел за да македонската јавност виде како Делчев е преставен во моменти кога сега се оспорува неговиот лик и дело, односно се присвојува.

Тој додаде дека во 1904 година излезе првата биографија за Гоце Делчев од неговиот подвижник, Пеју Јаворов, кој е прекрасен поет и кој последните денови ги поминал со Гоце и веднаш по објавувањето, во списанието „Македонија“ е направен приказ на книгата во кој има многу сериозна забелешка за Јаворов во кој се вели Јаворов е одличен поет, но многу лош историчар затоа што го прикри и девалвира македонскиот сепаратизам, однесувајќи се на политички сепаратизам.

„И се додава, Јаворов не ја разбрал суштината на македонскиот сепаратизам. Тоа не е само политички сепаратизам, тоа е и национален сепаратизам, сепаратизам на Македонците воопшто“, рече Ѓорѓиев, кој вели дека ова го зборува, со цел македонската јавност да види уште од кога, практично, почнува негирањето или присвојувањето и премолчувањето.

Ѓорѓиев додаде дека Јаворов не може да се третира како човек кој свесно присвојувал, но тој свесно премолчувал одредени моменти од историјата на Македонија, од историјата на Гоце Делчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.