Професорот во пензија Ѓорѓи Спасов од агенцијата Рејтинг се пенави во Фејсбук статус во одбрана на францускиот предлог. Тој беше во состав на стручната јавност со која премиерот Димитар Ковачевски се консултираше за предлогот.

„Македонија со сите добронамерни и злонамерни проповедници против Договорот за членство во ЕУ се движи во насока да стане Србија од времето на Милошевиќ. Дури и Академијата не заостанува на тој пат.
Некои од нив тоа не сакаат да го видат. Не чуствуваат одговорност. Важно им е само да се “во право”.
Некои од нив со бугарски пасоши ќе не спасуваат од “бугаризација” , други што поставуваат ултиматуми врескаат “Не за ултиматум”.
А трети се толку гласни против “фашизмот” што веќе не можеш да ги разликуваш од фашистите.
Ширењето страв од другите, од различните, од Бугарите ,од Албанците ,од ЕУ и од “домашните национални предавници” води директно во создавањето услови за воспоставување режим каков што веќе имавме и од кој едвам се ослободивме.
Овој пат Македонија само од страв да не згреши може да ја направи најголемата грешка.
Лажни патриоти и светци ја преземаат играта. И тие што се против договорот имаат должност тоа да го видат.
Со валканата вода ќе го исфрлат и бебето. Толку им сечи умот. Не гледаат со кого се ујдисале.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.