Во учебниците во Македонија и во Бугарија ќе има по пет измени, изјави денеска Драги Ѓоргиев претседател на Комисијата за заеднички чествувања на одредени историски личности.

Тоа се препораки кои се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници, а станува збор за по пет препораки кои секоја од страните треба да ги имплементира, а се однесуваат на античкиот период. Во иднина, авторите на учебниците би требало да ги земат предвид овие препораки. Препораките се однесуваат на структурални недоследности и грешки во датумите и локациите, рече Ѓоргиев.

Владата може, но не е обврзана да ги прифати овие препораки од Мешовитата комисија.

Исто така, Комисијата одлучила дека цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, на одредени јубилеи и значајни датуми, ќе се чествуваат заедно со делегации од обете земји, додава Ѓоргиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.