Aмбасадорот на Европскaта Унија во земјава Дејвид Гир изјави дека во интерес на нашата држава е да продолжи по патот на ЕУ и дека Унијата е подготвена да работи со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес.
-Мојата порака би била и до владата и, всушност, до целата земја. Верувам дека интересот на оваа земја е да продолжи по патот кон Европската Унија. Ние во Европската Унија сме подготвени да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес, што е неопходен за приклучување кон Европската Унија, и ќе направиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на оваа земја да напредува на патот кон ЕУ, изјави Гир.
Тоа е задача, додаде евроамбасадорот, која пред сè ќе биде за владата, но не само за неа туку, рече, ќе биде потребна поддршка и од сите клучни актери од целиот политички спектар.
-Со други зборови, проширувањето треба да биде национален проект кој ќе ги обедини сите да работат на реформите, да ги спроведуваат неопходните мерки, со цел да се приклучат кон Европската Унија што е можно поскоро, истакна Гир во изјава пред отворањето на изложбата „Обединети во различноста“ по повод 20 години од најголемото проширување на Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.