При посетата на земјава, претседателката на Европската комисија Урсула Фон Ден Лајен, во нејзиното обраќање направи лапсус и рече „северномакедонскиот народ“, а тоа беше единственото нешто на кое вие се задржавте од таа посета, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.

Одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 во Куманово, Гир истакна дека Фон Дер Лајен покажала огромна поддршка за Македонија и оти не ја посетила земјава со „празни раце“. Потсети на Договорот со Фронтекс и паричната помош за справување со енергетската криза.

Ова е трета посета на претседателката во една година, што е исклучително, со што мислам дека таа демонстираше огромна лична посветеност и посветеност на Комисијата за европскиот пат на земјава – посочи Гир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.