Проширувањето на сегашното мнозинство кое што ја подржува владата е со идеја да се купи време од двете партии на власт СДСМ и ДУИ до редовниот термин на изборите 2024 година, со надеж дека ќе се дојде до фамозното мнозинство од 80 плус 1 пратеник за да се изгласаат овие уставни промени. Математички и тоа не обезбедува двотретинско мнозинство, што значи дека нема двотретинско мнозинство, вели новинарот Бранко Геровски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.

На прашањето дека може да се прави притисок врз пратениците, Геровски саркастично одговори дека доколку се уценуваат луѓето и се зголеми притисок ќе биде супер европски, потенцирајќи дека тој лично смета дека и да има притисок сепак власта нема да обезбеди двотретинско мнозинство.

Ако се зголеми притисокот, ако се врши корупција, ако се уценуваат луѓето, тоа ќе биде супер европски. Јас мислам дека дури и така со притисок пак нема да се дојде до приказната двотретинско мнозинство, дециден е Геровски.

Во однос на надворешната политика на државата и односите на Македонија со Бугарија, Геровски смета дека министерот за надворешни работи Османи е репрезент на една политика која се сведува на тоа се да се прифати од бугарска страна, како и дека преговарачката рамка од францускиот предлог кој го потпиша владата на СДСМ и ДУИ и внесувањето на Бугарите во македонскиот устав нема ништо да се реши.

Проблемот е во тоа што Софија ја негира македонската нација и јазик како историски феномен. Бујар Османи е репрезент на една политика која се сведува на тоа дека треба да се прифати се, практично се што бара бугарската страна или најголемиот дел основното од барањата на бугарската страна и на тој начин ние да влеземе во ЕУ. Јас тврдам дека тоа е драстично погрешно и дека прифаќањето на преговарачката рамка на францускиот предлог беше погрешно. Ве уверувам дека ќе се покаже набрзо и дека тие кои што ја потпишуваа и се приклонија кон таа рамка што ја прифатија, тие самите ќе дојдат до сознание бидејќи таа ништо во суштина не решава,. Дури и некако да се реши ова со бугарите во уставот, со тоа ништо не завршуваа, тука почнуваат проблемите, изјави Геровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.